Со финансиска поддршка на Германската развојна банка КФВ во земјава наесен ќе почне да се гради првиот ветерен парк. За проектот вреден вкупно 55 милиони евра договор потпишаа Министерството за финансии, КФВ банката и ЕЛЕМ. Во ветерниот парк на 29 хектари ќе се постават од 15 до 18 ветерници, секоја со капацитет од два до три мегавати. Вкупната производна моќ на ветерниот парк ќе биде 100 гигават-часови, а капацитетот 37 мегавати. Целта е искористување на обновливите извори енергија при производство на струја, намалување на емисија на стакленички гасови, но и намалување на увозната зависност на Македонија од електрична енергија. Сепак, тој не очекува голем импакт врз намалувањето на цената на електричната енергија. Начинот и изворите на средства со кои се планира да се отплаќа долгот, ЕЛЕМ ќе ги обезбеди од пласманот на произведената електрична енергија во ветерниот парк.
Со финансиска поддршка на Германската развојна банка КФВ во земјава наесен ќе почне да се гради првиот ветерен парк.
За проектот вреден вкупно 55 милиони евра договор потпишаа Министерството за финансии, КФВ банката и ЕЛЕМ. Во ветерниот парк на 29 хектари ќе се постават од 15 до 18 ветерници, секоја со капацитет од два до три мегавати. Вкупната производна моќ на ветерниот парк ќе биде 100 гигават-часови, а капацитетот 37 мегавати.
„Целта е искористување на обновливите извори енергија при производство на струја, намалување на емисија на стакленички гасови, но и намалување на увозната зависност на Македонија од електрична енергија“, вели директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.
Сепак, тој не очекува голем импакт врз намалувањето на цената на електричната енергија. Начинот и изворите на средства со кои се планира да се отплаќа долгот, ЕЛЕМ ќе ги обезбеди од пласманот на произведената електрична енергија во ветерниот парк. Проектот ќе се реализира во две фази. Првата фаза опфаќа инсталирање на ветерниците и треба да заврши најдоцна за две години, а втората се однесува на дополнително инсталирање ветерни турбини со кои моќноста на ветерниот парк ќе се зголеми за околу 50 мегавати.